Самостојни владетели во Македонија во XII век

Views:
 
Category: Education
     
 

Presentation Description

Историја

Comments

Presentation Transcript

Slide1:

Самостојни владетели во Македонија во XII век

Slide2:

На интернет пронајди податоци: Добромир Хриз Стрез Алексеј Слав Опиши каде управувале како самостојни феудални владетели во Македонија во Xll и Xlll век.

Slide3:

Добромир Хриз е средновековен македонски владетел на областа околу денешниот град  Струмица , со центар во  Просек , околу денешниот град  Демир Капија . (1195-1203) Хрс повторно се осамостојува во Струмица, и го освојува градот Просек кој бил со извонредна положба во демиркаписката клисура на левиот брег на Вардар. Во својата нова база Просек откако обезбедил доволно оружје и намирници презел голем поход при што неговата територија ја проширил на запад и југ до Прилепската тема (тема е административна област), на север до  Скопје , на исток до  Малешевијата , до Мородвизд и на југоисток до Струмица. На својата територија ги укинал византиските закони и вовел свои.

Slide4:

Севастократор Стрез  — средновековен македонски владетел на  Просек  (1207-1214), областа околу денешниот град  Демир Капија  и  Струмица , севастократор, роднина на бугарската владетелска фамилија. Со српска помош завладеал со добар дел од Македонија со центар во Просек (1207) и создал свое феудално владение. Во  1207  година Стрез се утврдил во градот Просек и започнал да владее како независен владетел. Неговата власт се протегала од  Скопје  до  Охрид  и  Бер  на југ, а на исток териториите до планините  Огражден  и  Беласица . Стрез бил воинствен владетел. Постојано преземал походи за проширување на своите територии, особено на југ кон  Солун . 

Slide5:

Алексиј Слав-  бил бугарски  деспот , прв братучед на цар  Борил .  [1]  Управувал во перидот од  1207  до  1230 . Благородникот Алексиј Слав се осамостоил во еден дел од источна  Македонија  со центар  Мелник  во почетокот на  XIII век . Тој, како и  Стрез , бил роднина на  бугарска владетелска фамилија  и учествувал во борбата за бугарскиот престол, речиси во исто време кога Стрез се осамотил во Просек.

Slide6:

Тврдината на деспот Алексиј Слав кај Мелник

authorStream Live Help