logging in or signing up Васко Марковски - „Непозната Македонија“ vasko_markovski Download Post to : URL : Related Presentations : Share Add to Flag Embed Email Send to Blogs and Networks Add to Channel Uploaded from authorPOINT lite Insert YouTube videos in PowerPont slides with aS Desktop Copy embed code: (To copy code, click on the text box) Embed: URL: Thumbnail: WordPress Embed Customize Embed The presentation is successfully added In Your Favorites. Views: 217 Category: Travel/ Places.. License: All Rights Reserved Like it (0) Dislike it (0) Added: December 11, 2011 This Presentation is Public Favorites: 0 Presentation Description Ретроспектива на серијалот репортажи „Непозната Македонија“ објавуван во неделникот „Форум“ и месечниците „Free Time Guide - Macedonia“ и „Life Магазин“ во периодот од мај 2007 до септември 2011 година. Автор: Васко Марковски. Comments Posting comment... Premium member Presentation Transcript The Storytellers: The Storytellers ви прикажуваатНепозната Македонија: Непозната Македонија Васко МарковскиКрали Марко суперстар: Крали Марко суперстар Името на Крали Марко ќе го сретнете на шише пиво, како име на ресторанче во близина на Стража, на репертоарот на театрите, во народното творештво на балканските народи, на интернет и на милион други места, но не и како име кое ќе носи туристи во Македонија, земјата во која владеел и која изобилува со топоними и легенди поврзани со неговото име.Цоцев Камен: Цоцев Камен Мистериозно древно светилиште. Место за живеење, храм со платформа за ритуални жртвувања и праисториска опсерваторија за набљудување на ѕвездите. Научниците се' уште полемизираат што е Цоцев Камен, но едно е јасно - вреди да се посетиМатка, кањонот на пеперутките: Матка, кањонот на пеперутките Македонија изобилува со богатство од разни видови пеперутки. Од 400 видови пеперутки, колку што се регистрирани во Европа, во Македонија живеат 201, а две третини од нив живеат во долината на ТрескаРотондата од Коњух : Ротондата од Коњух Кратовското село Коњух е едно од ретките места на Балканот кои во својата утроба кријат ранохристијански базилики со кружна форма. Храмот го отркил побожниот дедо Зафир, кој имал визија каде точно да го бара, иако бил целосно слепКулата што го направила Скопје метропола: Кулата што го направила Скопје метропола Одвојте време и качете се на скопската Саат-кула. Нема зборови со кои може да се опише чувството додека го гледате градот од горе. Можеби наједноставно го опишал познатиот англиски патеписец Едвард Браун, кој рекол дека тоа е најубавата панорама на градот што ја виделЏамијата на Султан Мурат: Џамијата на Султан Мурат Скопје било еден од трите градови што ја имале привилегијата да добијат султанска џамија во времето на османлискиот император Мурат ВториСаркофазите од Карпош 3: Саркофазите од Карпош 3 Можеби секојдневно поминувате покрај Музејот на град Скопје кај старата железничка станица, но дали сте свесни какви приказни кријат во себе камените споменици што ги одминувате со полни кеси во рацете, додека туркате детска количка по тротоарот или додека се пробивате низ една од трите коловозни ленти?Ни на небо, ни на земја: Ни на небо, ни на земја Како се живее на највисоките катови на скопските висококатници. Што им е на тие луѓе нормален пејзаж низ прозорецот. Се чувствуват ли далеку од земјата, од луѓето, од животот на градот. Нивниот одговор најчесто е "стан како стан, с¢ едно ми е дали сум на 5-ти или на 15-ти кат"Музеј во паричникот: Музеј во паричникот Сте помислиле ли каков каталог на кутлурата, историјата и на природните убавини на Македонија носите в џеб, кога во паричникот имате ќе ви се најде по еден примерок од македонските монети и банкноти?Винари од памтивек: Винари од памтивек Црно тиквешко, неготинска жолта, куќи ѕидани од кал и од вино - сте помислиле ли кога и како почнало сето тоа?Насликана чаршија: Насликана чаршија Скопската стара чаршија била голем предизвик за современите македонски сликари од првата и од втората генерација кои се занимавале со урбаните мотиви. Во моментите кога преокупација им била бојата, сите, без размислување, знаеле каде да отидат. Толкаво богатство од бои можела да им понуди само чаршијатаКозарот од Таор: Козарот од Таор Дали сте и вие од оние што се уверени дека козјото млеко има тежок мирис, дека никогаш не би пробале козјо сирење. Појдете во скопското село Таор и разуверете се. Пробајте ги сирењата на козарот од Таор. Таков деликатес не се пропуштаКралство на стомните: Кралство на стомните Кичевското село Вранештица, навидум, е само уште едно македонско село со куќи наредени на неколку ридови. Но, по едно се разликува од другите. Некогаш таму имало 200 грнчарски работилници, а и денес таму живе најголемата грнчарска заедница во МакедонијаИ чипсот има роден крај: И чипсот има роден крај Забележувате ли колку е компирот присутен насекаде околу нас? Сте помислиле каде почнува тој пат?. Можеби на тоа ќе ве потсети оваа берба на компири во кичевското село АјројцаЗа кого загинаа?: За кого загинаа? За кого и за што загинале повеќе од 13.000 војници што почиваат на француските и на германските воени гробишта во Битола? Одговорот го даде едноминутно молчење на амбасадорите на Франција и на Германија, кои деновиве заеднички им оддадоа почит на загинатите. Дали во нивниот молк лебдеше пораката - загинаа за да £ дојде паметот на Европа?Кој фрлал пушки в езеро?: Кој фрлал пушки в езеро? Чии биле, кој и зошто ги фрлил старите пушки и кубури што неодамна ги открија нуркачите од охридскиот Клуб за подводни истражувања близу до брегот на стариот дел на Охрид?Владичките одежди од Матка: Владичките одежди од Матка Ателје за изработка на владички одежди со компјутерски управувани машини во манастир од 14 век. Не е фикција - токму таква е работилницата на сестринството од манастирот Успение на Пресвета Богородица во скопска МаткаОчи в очи со древното: Очи в очи со древното Римскиот форум во Стоби, ја менува историјата на градот.Според најновите откритија на археолозите, остатоците од објектот кој бил ѕверски разрушен при налетот на Хуните сведочат дека историјата на градот почнува пораноВлез во внатрешниот свет: Влез во внатрешниот свет Врати, капии, порти.Секоја од нив зад себе крие по еден свет, различен од другите. Нивното надворешно лице сведочи за времето во кое биле направени, зборува за луѓето што живеат зад неа и за настаните што се случувале пред и зад нивГосподи сполај ти што су' вевчанец!: Господи сполај ти што су' вевчанец ! Два дена апсолутна слобода на духот. Така вевчанци ќе ви го опишат василичарскиот карневал, што се одржува веќе 1.400 години за празниците Стара нова година и Свети Василиј. Оние што го знаат карневалот од порано, со нетрпение чекаат да видат со какви маски ќе изненадат вевчанци годинава, оние што доаѓаат првпат веќе прават план кого да донесат во Вевчани следната годинаКожуф Партенкирхен: Кожуф Партенкирхен Најновиот македонски ски-центар пред десетина дена ги отвори вратите за скијачите од Македонија и од Грција. Според сопствениците на комплексот, Кожуф ќе израсне во елитен скијачки центар, што ќе им ја земе славата на балканските зимско-рекреативни одморалиштаЗеми четку и работи!: Земи четку и работи! Некој сака да оди во фитнес-центар, некој во обложувалница, некој си отвора блог или страница на Фејсбук. Дваесетина скопјани решиле нивно хоби и рекреација да биде сликањето. Тоа им го овозможила Ликовната работилница во БуњаковецНе сме тука мечките да не' изедат!: Не сме тука мечките да не' изедат! Можеби се' уште му робуваме на старото табу дека е срамота ако некој повозрасен член од нашето семејство живее во дом за старци, но таквите предрасуди полека-полека попуштаат. Дека е така, се уверивме по неодамнешната средба со управникот на домот за стари и изнемоштени лица во скопско Злокуќани и разговорот со дел од луѓето што се згрижени тамуРизница во 60.000 m2: Ризница во 60.000 m 2 Сакајќи да привлече што повеќе посетители, Музејот на Македонија од неодамна воведе бесплатни викенд посети, секој последен викенд во месецот. Доволен повод и таму да побараме дел од непознатата МакедонијаИсторија на парче метал: Историја на парче метал Каква приказна зад себе кријат ордените, плакетите и медалите? Како се создава една колекција на вакви предмети? Одговорот го побаравме кај фалеристот Красимир Трајков, организатор на изложбата на софиската ковачница за пари и ордени Монетен двор, што ќе се одржи на 3 март во Универзитетската библиотека во СкопјеСтранци во својот град: Странци во својот град Што е тоа што разгледуваат низ Скопје групите странци што ги среќаваме на улица како одат како ученичиња зад нивниот туристички водич? Што е највредно да покажеме некому во главниот град на Македонија. За да видиме, решивме и ние да се направиме странци, да земеме водич кој ќе ни покаже што е тоа што привлекува туристи нашиот градБунтот на Роса и Накие: Бунтот на Роса и Накие Осми март не е само ден кога им даруваме цвеќе на жените од нашето поблиско опкружување, или повод фирмите да ги почестат жените од колективот прослава во ресторан или шопинг во соседните земји. За правата што ги имаат денес жените, некои други жени некогаш биле апсени и јавно влечени за коса. Такви биле и скопјанките Роса Плавева и Накие БајрамМакедонец го премостува дигиталниот јаз: Македонец го премостува дигиталниот јаз Веб-сервисот Jooce.com , чиј основач е Македонецот Александар Стојаноски, деновиве е топ-тема во рубриките за технологија на светските медиуми. Со помош на порталот секој може да добие свој виртуелен компјутер - потребен му е само пристап на интернетГо преживеав Холокаустот: Го преживеав Холокаустот Скопјанецот Израел Бехар е еден од неколкуте македонски Евреи што го преживеаа систематското уништување на Евреите во концентрационите логориШпанецот: Шпанецот Не е некој супермодерен или супербрз воз, какви што гледаме на телевизиските прилози од Франција или од Јапонија, но, сепак, на патниците им е посебно драг. Ретко кој го нарекува со фицијалното име - двомоторна дизел гарнитура, 712 - МАКОСА. За патниците тоа е, едноставно - ШпанецотДомино: Домино Чајџилницата Ат-Ал во скопската Стара чаршија е едно од ретките места каде што се уште се игра домино, една од друштвените игри што веќе сме ги заборавилеСобранието под рендген: Собранието под рендген Како излгеда просторијата од која влегуваат пратениците во салата за седници, низ вратата откај опозициските пратеници? Во кој дел од зградата на Парламентот е долгнавестата мрачна, здодевна просторија во која понекогаш држат седници на некои комисии? Каде одат претседателот на собранието и координаторите на пратеничките групи 'на координација' кога ќе зачкрипи нешто? Ве водиме на ексклузивна на прошетка низ просториите на македонскиот ПарламентКаменот што носи деца: Каменот што носи деца Стотици луѓе секоја година на Ѓурѓовден го браат Говедаров камен, големата карпа кај Свети Николе за која се верува дека им дава пород на жените што не можеле да забременатГрад на кули и мостови: Град на кули и мостови Доволно е само еднаш да отидете во Кратово. Додека си заминувате од таму, веќе правите план повторно да се вратите. Град кој секогаш има нови приказни да ви открие - кулите и мостовите се само дел од нивНајмалиот музеј на светот: Најмалиот музеј на светот Викендичката на скопјанецот Моне Златев во тетовското село Џепчиште на прв поглед по ништо не се разликува од соседните куќи. Но, разликата е огромна - во неа е сместен најмалиот етнолошки музеј на светот, со повеќе од 1.150 предмети во 7,2 квадратни метриМатуранти и по 60 години: Матуранти и по 60 години Во мај весниците се полни со огласи за прослава на 5, 10 или 20 години од матурирањето. Меѓу нив годинава се појави една навистина ретка инфомрација - првата генерација народни учители годинава прослави 60 години матураСенката на Силјан повторно лета: Сенката на Силјан повторно лета Театарот на сенки повторно се врати во Македонија. Неговата традиција од неодамна ја продолжува Театарската трупа "Сенки и облаци" од Скопје, која деновиве настапува на фестивалот на улична култура Баскер фест 2008Охридски цреши: Охридски цреши Убави цреши ќе најдете и во скопско Нерези, Чифлик и на други места во Македонија, но никој не спори дека најубавите се таму, во Охрид, охридските цреши, охридските черешниПатот на езерата: Патот на езерата Скршнете пред Стража накај Маврово и Дебар и така стигнете до Охрид. Ќе видите три езера повеќе, Радика, живописни села и Дебар. За промена, наместо 174, поминете 200 километри - сликите што ќе ги видите вредат многу повеќеОпинци за Џон: Опинци за Џон Опинчарскиот дуќан "Џамбаз" во скопската Стара чаршија е едно од последните места во кои се продаваат обувките што непрекинато се носат на територијата на Македонија повеќе од 500 години. Ако некогаш биле жигосувани како одлика за руралното, денес опинците се привлечни и за домашните и за странските муштерииОстровот: Островот Голем Град е единствениот остров на територијата на Република Македонија. Тоа што е единствениот остров и ретката убавина прават змискиот остров да не го остава рамнодушен никого што веќе ја посетил Преспа, а пропуштил да го види одблизуСафари зад Водно: Сафари зад Водно Јасен - ловиште, национален парк, природен резерват, или подземно скривалиште за македонскиот државен врв? Можеби е тешко да се дефинира што се е Јасен, но едно е јасно - станува збор за еден од најнепознатите предели во Македонија. Во следните две изданија од серијалот ви го откриваме тој дел од непозната МакедонијаПлажи на Козјак: Плажи на Козјак Во второто продолжение од репортажата од природниот резерват Јасен пловиме по вештачкото езеро Козјак. Според најавите од управата на резерватот, таму наскоро ќе никнат плажиСкаменети сватови: Скаменети сватови Локалитетот Куклица во близина на Кратово неодамна беше прогласен за споменик на природата, заштитен со закон. Овојпат ве водиме таму, додека се уште имаме право да го наречеме Непозната МакедонијаБуковец: Буковец Можете ли да замислите скара или ќебапи без буковец? Тешко. Тогаш, бидете им благодарни на жителите на битолското село Буково, зашто, да не беа тие, немаше да го има ни буковецотСвета Спасица од Вишни: Света Спасица од Вишни Која била светителката со сребрена маска од струшкото село Вишни?Идно Скопје: Идно Скопје Откако во весниците прочитавме дека експериментот во подземните тунели на ЦЕРН во Женева бил оценет како успешен, а човештвото добило временска машина, решивме да се пријавиме во тимот доброволци за патување низ времето. Оваа репортажа ја испраќаме од едно идно време, од идно Скопје, кое многу се изменило, но, во кое, сепак, лесно ќе се снајдетеПреспански јаболка: Преспански јаболка Одењето во Преспа секогаш е посебно дожувување. Круната на тоа чувство е октомври - месецот кога насекаде ве следат дрвца полни јаболкаХрам на Божјата Премудрост: Храм на Божјата Премудрост Охридската црква Света Софија не е само концертен простор со добра акустика и одлично место за оддишка по искачувањето и симнувањето на стрмнините до Самуиловата тврдина, Плаошник и Свети Јован Канео. Тоа е архиепископскиот храм на Охридската архиепископија, местото каде што некогаш се носеле одлуки што се однесувале на христијанските верници од Дунав до Солун, од Малта до Молдавија и Романија - срцето на некогашниот резиденцијален кварт, во кој живееле славните охридски архиепископиГлавен град на пеколот: Главен град на пеколот Лекциите по историја, колку-толку, не ’ научија дека Солунскиот фронт бил една од најкрвавите фронтовски линии за време на Првата светска војна, но, малку знаеме дека од 1916 до 1918 г.Битола и битолчани дваесет и два месеца секојдневно биле изложени на оган од 10.000 бомби и гранатиМакедонија на поштенски марки: Македонија на поштенски марки Поштенските марки не се само платежно средство во поштенскиот сообраќај. Тие се и минијатурни ремек дела што патуваат низ светот презентирајќи ги културното наследство, природните богатства и историјата на државата што ја претставуваатМалиот битолски Монмартр: Малиот битолски Монмартр Ликовна колонија, најголема ризница на детски цртежи на светот, ликовна школа, изложба за Гинис, сликарски карван.. Што се се крие зад името Мал битолски Монмартр? Најкусиот одговор е - сето тоа! За подолгиот ќе ни бидат потребни многу повеќе страници од просторот што ни е на располагање..Турски чај: Турски чај Два чајника, еден врз друг, два грста цејлонски чај, црн, од жолта кутија - со канаринец - и барем еден-двајца пријатели. Доволно елементи за пријатен муабет и дружење! Другото ќе го направи чајот!Вовчето: Вовчето Повозрасните ќе ви раскажат едно чудо приказни за патувањата со воз до Охрид, за вовчето Ќиро, кое одвај ги совладувало нагорнините кај Кичево, до толку, што на патниците им било полесно да слезат, да појдат пеш прекутрупа и да го дочекаат зад брдото. Помладите генерации речиси воопшто не го познаваат или, пак, му се чудат кога ќе го видат пред железничката станица во Кичево или во паркот во скопската населба Ѓорче ПетровКавалите на Стојанче: Кавалите на Стојанче Доволно е да ги разгледте одблиску некој од нив, да ги допрете, или бар малку да се помачите обидувајќи се да произведете тон на некој од неговите кавали. Со јазикот на рокенролот, кавалите на Стојанче Костовски од скопско Виниче се како Фендер Стратокастер или Гибсон Лес Пол, а за класичарите, квалитетни како виолина СтрадивариПатокази на животот: Патокази на животот За христијанските верници крстот не е само знак кој потсетува на распнувањето на Христос на Голгота и знак за искажување припадност кон христијанскта вера.Во него е содржана и суштината на христијанската морална матрица, најкусо кажано: со мислите нагоре, со рацете подадени кон луѓето околу насПрвите македонски оргули: Првите македонски оргули Можеби стотина или илјадници пати сте ја слушнале ‘ Токата и фуга ’ од Јохан Себастијан Бах, но дали сте помислиле дека истата таа композиција ниту еднаш не сте ја чуле во живо, ниту еднаш во својот град, ниту еднаш во живо во Македонија? Верниците на католичката црква во Скопје годинава првпат го дочекаа Божик со сите нишани - свечено, соборно и со звукот на вистински оргулиСиноптичарите: Синоптичарите Сите им ги знаеме имињата, на сите од нив. Толку сме навикнати на нив што ги чувствуваме како да ни се некој од фамилијата, луѓе што секојдневно ги среќаваме, па се фаќаме себеси како понекогаш им подвикнуваме, кога не ни се допаѓа временската прогноза за денот или викендот што ни претстои. Неодамнешните големи снегови уште еднаш не потсетија дека без нив, сепак, не можемеВевчани 2009: Вевчани 2009 Се ’ на едно место - Ајнштајн и Мистер Бин се први другари, веднаш до нив е четничкиот водач Дража Михајловиќ, рамо до рамо со Албанец што искрено ја негува традицијата, и чудовишта како членовите на авангардните Резидентс. Тоа го има само во Вевчани. Но, не само тоа! На 13 и 14 јануари таму ќе видите и василичарчиња и визита и ќе дочекате Стара нова година, на стотина метри од прекрасните вевчански извориДождливо попладне во Заливот на коските: Дождливо попладне во Заливот на коските Музејот на вода на полуостровот Градиште во Охрид е место каде што можете да ја почувствувате праисторијата, да видите во какви населби живееле луѓето пред околу 3.200 години и да почувствувате како се живее во куќа над вода16-ка: 16-ка Автобуската линија број 16 на скопско ЈСП е приказна за себе - возење низ различностите на градот. Поврзува четири општини, двете најголеми височини на градот - Водно и Гази Баба, шаренило од архитектонски објекти и луѓе со различни навикиДексион: Дексион Главниот лик во оваа приказна не е ниту човек, ниту група луѓе, ниту организација формирана од луѓе. Ова е приказна за еден челичен профил, приказна за тоа како една скопска населба го добила името по еден градежен елемент, и приказна за тоа како и колку еден челичен профил може да стане дел од животите на луѓето од една населбаВулканот: Вулканот На прв поглед, охридското село Косел ќе ви изгледа како едно обично македонско крајпатно село, чиј почеток и крај се означени со големи жолти табли. Така е се додека да стигнете некаде до средината на селото, кога ќе почувствувате чуден мирис, мирис на расипани јајца. Но, не брзајте да им испратите чуден поглед на луѓето со кои се возите. Мирисот што ве збунил го испуштаат неколкуте дупки над селото, познати како единствениот жив вулкан на БалканотЧувари на животот: Чувари на животот Симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво или - подвижен музеј на идентитетот и историјата на македонскиот народ - има безброј начини да се опише Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец"Патот на цвеќето: Патот на цвеќето Струмичко Владевци е родниот крај на речиси сите саксии со цвеќиња што ќе ги видите на пазарите, во цвеќарниците или на кое и да е друго место низ МакедонијаЦветови од јамата: Цветови од јамата Минеролошката збирка во домот на културата "Злетовски рудар" во Пробиштип е единственото место во Македонија каде што можете да видите ретки минерали од македонските рудници и средновековни рударски алаткиГрбовите на Македонија: Грбовите на Македонија Во витрините на Музејот на Македонија од неодамна се претставени историските грбови на Македонија што досега сме имале можност да ги видиме, но и десетина грбови кои за првпат и се претставуваат на пошироката јавностМанастир над лесновскиот кратер: Манастир над лесновскиот кратер Лесновскиот манастир некогаш бил седиште на Злетовската епископија од 14 век, а заедно во пештерски цркви и келии во покрај Злетовска река некогаш бил живееле на 350 монаси. И не само тоа - светилиштето е ризница на вредни фрески, почеток на раскошните иконостаси од дрворез и некогашен важен книжевен центар на БалканотРизница во кугланата: Ризница во кугланата Етнолошката збирка во домот на културата "Злетовски рудар" во Пробиштип е едно од малкуте места каде што можете да видите народни носии, предмети од домаќинството од пробиштипско-злетовскиот крајЧинарот: Чинарот За биолозите, тоа е стариот охридски platanus orientalis.. За охриѓани - Чинарон! - место каде што поминале и поминуваат голем дел од животот, дрво што има да ви раскаже 1.100 години историјаЗабрането во ЕУ: Забрането во ЕУ Каков би бил животот да го немало дрвото? Какви садови и каков прибор се поставувале на софрата на нашите предци? Какви кујнски алатки морало да има во секој дом до првите децении од 20 век? Милион прашања се раѓаат додека ја разлгедувате изложбата на традиционални дрвени предмети, што неодамна ја постави Музејот на МакедонијаМузејот на Злате: Музејот на Злате Тргнал на печалба, но животниот пат го одвел во село за кое дотогаш нит' чул, нит некогаш го видел. Наместо во Чехословачка, божјиот глас го упатил во кумановско Режановце, да го обнови манастирот 'Свети Јован Опсечен'. Оттогаш, според Божјата промисла, манастирот станал вечен дом за Златко Давитковски, родум од с. Дренак, КривопаланечкоЦиронки: Циронки Кога се во езеро, или кога се свежи, пржени или печени се 'преспански белвици'. Но, кога ќе ги исушиш, посолени, пресувани, стануваат циронки - деликатес на селата од западниот брег на Преспанско езеро - Стење и Коњско, подготвени според уникатен традиционален рецепт за чувување риба до следната риболовна сезонаАзното на Елзи: Азното на Елзи Малкумина во Македонија го знаат името на Елзи Иванчиќ-Дунин, а би требало да го знаат како што ги знаат имињата на Марко Цепенков, Браќа Миладиновци или Кузман Шапкарев. Порано или подоцна, нејзиното име ќе биде забележано со златни букви во културната историјата на Македонија, како танцов етнолог што ја составил најголемата видео-збирка на македонски ора кога и да еВевчанските извори: Вевчанските извори За вевчанци, изворите се нешто за што вреди да се гине. За луѓето што не се од Вевчани, а некогаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената рекаСрцето на Свети Наум: Срцето на Свети Наум Манастирот Свети Наум е едно од неколкуте места што ќе ги наброиме на прсти ако некој штотуку разбудени сред ноќ не запраша да ги наброиме најубавите места во Македонија - вечно почивалиште на Свети Наум Охридски и еден од најубавите пределиЧуварот на Галичник: Чуварот на Галичник Замина Гаца, последниот жител на Галичник, чуварот на селото, чуварот на галичките обичаи, котвата на галичаниСтрушките скокачи: Струшките скокачи За стружани, скокањето од мостовите на Дрим е задоволство без кое не може да поминат дестството и младешките години на речиси секој стружанец. За случајните минувачи тие се провокација која ве тера да подзастанете и да ги погледате, и по цена облеката да ви ја направат 'жива вода'Паркот на поезијата: Паркот на поезијата Ако сте од оние што не се нашле себеси во поезијата и кои поезијата не ја нашле во себе, го доживувате како обичен градски парк, кој питомо ќе ви понуди лад од летното сонце. Но, сè станува поинакво, кога ќе ги ставите волшебните очила на поезијата и почнувате да лутате меѓу дрвјатаДојранските лековити алги: Дојранските лековити алги Тешко ќе најдете место за сместување ако решите да одите во Дојран во втората половина на август. Кога цутат дојранските алги градот е окупиран од семејни луѓе со мали деца, дојдени да им ја зајакнат отпорноста на настинки, пред сезоната на маглите и студените зими во градовитеМистериите на Стоби: Мистериите на Стоби Иако важи за еден од археолошките локалитети за кој најмногу знаеме, Стоби е град полн со мистерии - и за лаиците, и за археолозите. Годинашните истражувања навестуваат дека градот допрва уште би можел да нè изненади со репрезентативни градбиШарена џамија: Шарена џамија Шарената џамија во Тетово, позната и како Алаџа џамија или Паша џамија откако била обновена од тетовскиот големец Абдурахман паша, е место кое неизбежно се споменува во речиси секој туристички водич за Македонија. Но, и покрај тоа, секое одење таму открива нови и нови провокации, кои прават без двоумење и неа да ја вброиме во Непозната МакедонијаТетоец: Тетоец Тетовскиот грав е еден од врвните македонски земјоделски производи, каков што би сакале да одгледуваат многумина. Ако сте вие човекот што пазарува во домот, сигурно барем еднаш ви се случило да ви подметнат украински, мексикански или којзнае каков грав под името 'тетовски'. И има зошто - шарпланинските води и умерената клима прават во тетовско да расте најквалитетниот грав во Македонија и на БалканотПрофесор Олдтајмер: Професор Олдтајмер Неговите кромањонци и питекантропуси се старите 'опели', 'ситроени', 'фолксвагени' и 'шкоди', а посебна страст му е еволуцијата на автомобилите 'опел олимпија'. Ова е приказна за професор Дионис Пашлаков од Неготино, професор по биологија и сопственик на најголемата збирка на стари автомобили во МакедонијаСветецот со кучешка глава: Светецот со кучешка глава Галеријата на икони на градскиот музеј во Прилеп е едно од најубавите места во Македонија во кои се изложени ‘прозорци кон вечноста’, како што во една пригода ги нарече иконите професорот на Богословскиот факултет во Скопје отец Стефан Санџакоски. Раскошна збирка на ремек дела, и една загадочна, ретка икона меѓу нив - иконата на Свети Христифор, светецот со кучешка главаВевчанските воденици: Вевчанските воденици Вевчани е едно од ретките места во Македонија во кои сè уште се користат воденици за мелење брашно и сточна храна. Селото изобилува со вода, што направило во Вевчани никогаш да не згасне воденичарскиот занаетПоследните рисови: Последните рисови По две години истражување, веќе сè се знае - во Македонија има 20 до 30 рисови, во планинските предели од Шар Планина до Јабланица. Чувајте ги, зашто тоа се последните рисови што можеме да им ги оставиме на нашите поколенијаКопаничарот од Фејсбук: Копаничарот од Фејсбук Би било неумесно да кажеме дека социјалните мрежи на интернет се шишето кока-кола од филмот “Боговите паднаа на теме” - нешто што само може да ги оддалечи луѓето едни од други, трошејќи им го залудно времето. Помислете и на убавите нешта што можете да ги најдете таму. На пример, доказ дека копаничарството во Македонија не изумира, туку добива генерација од многу вештиТајниот јазик на килимите: Тајниот јазик на килимите Со векови килимите биле користени од жените како медиум во кој ќе ги искажат нивните чувства и желби. Ткаењето килими, за нив било еден вид пишување дневникВкусовите на Стара чаршија: Вкусовите на Стара чаршија Скопската Стара чаршија ќе најде илјада начини да ви покаже дека е место каде што се среќаваат световите. Една од таквите средби е средбата на вкусовите на Истокот и Западот, кои ве демнат на секое сокаче по кое ќе зачекоритеКрушево во обичен ден: Крушево во обичен ден Првата слика што ни паѓа пред очи кога ќе помислиме на Крушево, обично се масовните прослави на годишнината од Илинденското востание или реките од почитувачи на Тоше Проевски во деновите на помен по неговото загинување. Решивме да го посетиме Крушево во обичен ден, кога улиците се речиси празни и тивки, кога можете на раат да уживате откривајќи ги тајните на највисокиот град на БалканотЛетачите од Мечкин Kамен: Летачите од Мечкин K амен Мечкин Kамен не е само местото на последната битка за време на Илинденското востание. Малку знаеме дека е и место што нуди одлични услови за параглајдерски летови, место каде што се одржуваат националните првенства на неколку европски земјиМед, млеко и мирис на дрво: Мед, млеко и мирис на дрво Берово, само по себе, не е град од кој можете многу да очекувате, ако од него барате впечатлива архитектура, место за забава или урбанистичка логика. Неговата привлечност е во околината - во питомото езеро, боровите шуми и преопознатливите вкусови што ги дала природатаСкопско кале: Скопско кале Исчекувајќи моментот кога археолозите и конзерваторите ќе ја завршат својата работа, решивме да разгледаме дел од историјата на скопската тврдина, запишана од хроничарите на градотКвартот на Тито: Квартот на Тито Ви треба само добра концентрација за да го забележите тоа. Центарот на Скопје има доволно елементи за да се набљудува како музеј под отворено небо, или своевиден 'Дизниленд', атрактивен за странците и за помладите генерацииАрхеологија 2009: Археологија 2009 Во Музејот на Македонија од неодамна се изложени предмети што беа откриени на 18 локалитети за време на археолошките истражувања во 2009 година. Изложени 9.800 артефакти, кои, според археолозите, се само мал дел од огромното културно наследство што за кое до неодамна беше непознатоСпомен-куќа на Мајка Тереза: Спомен-куќа на Мајка Тереза Уште од првиот ден кога беше отворен за посетителите, Спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје предизвикува различни реакции кај оние што го виделе. Решивме да го посетиме една година потоа, откако помина вревата, пред да се исполни третата книга со впечатоциМакедонскиот Лас Вегас: Македонскиот Лас Вегас Разговарајќи со луѓето од казино-бизнисот, ќе добиете впечаток дека нерадо го прифаќаат изразот „Македонски Лас Вегас“. Велат - далеку сме од тоа. Но, има многу сличности, кои нè прават доволно храбри за да ја наречеме Гевгелија токму така - бројот на казина и придонесот што го имаат за развој на економијата на градотЗлатната маска од Охрид: Златната маска од Охрид 30 септември 2002. На радиото одекнува необична вест: ’Епохално откритие на археолозите во Охрид - златна погребна маска и ракавица. Ромео и Јулија 500 години пред раѓањето на Христос“Беласичките водопади: Беласичките водопади Смоларскиот и Колешинскиот водопад, на дваесетина минути возење од Струмица, беа речиси непознати до пред десетина години. Денес за нив знае речиси секој што решил да ги научи убавините на Македонија. Но, тие се најпознатите. Луѓето од соседните села ќе ви кажат дека Беласица има многу повеќе водопади, ресчиси секое село има барем по еденГрадот на конзулите: Градот на конзулите Дипломатското присуство во Битола за време на последните децении од Османлиската Империја имало силно влијание врз економскиот и културниот живот на жителите на градот. Времето кога најблиските центри во околината биле Солун и Стамбол, а светогледот на луѓето бил ориентиран кон Истокот, кон Солунското пристаниште и Медитеранот - оставило космополитски траги врз карактерот на битолчаниОхрид од песните: Охрид од песните Секој што го видел во себе носи некој друг, посебен Охрид. За некого тоа е градот на Свети Климен Охридски, на Цар Самуил. Други го паметат по античкиот град Лихнидос, по убавата архитектура или по вкусната пастрмка. Но, има и еден друг Охрид. Охрид од песните, место каде што настанале најубавите македонски градски песни, во кои се зачувани живи слики од неговото минатоПелистер за почетници: Пелистер за почетници Има многу причини да го посетите Пелистер, барем еднаш да се оддалечите од градовите, колку и да е поедноставно да организирате викенд во некој друг град. Ве водиме во две села што ќе ве убедат дека вреди тоа да се направи. Ако ви е премногу за почеток, Битола не ви бега - градот е на петнаесетина минути возење од Дихово и МаловиштаЈанче: Јанче Не е можно да не го забележите. Село што ќе ве пречека на триесетина минути возење од Маврово накај Дебар, што ќе ви го привлече погледот кон лево како да сте здогледале мал, но блескав дијамант. Село со убави куќи, наместени врз питоми зелени падини, врз шумот на РадикаШтипинг: Штипинг Штип ќе ви даде многу причини да го посетите - богато културно наследство, ресторани со штипска пастрмајлија и луѓе што знаат од срце да ве пречекаат. Но, туристичката понуда на градот го менува курсот. Градот се повеќе станува препознатлив како шопинг дестинација. Овојпат ве водиме на 'штипинг' - шопинг во ШтипНа коњи до Крстот: На коњи до Крстот Можеби никогаш не сте се качиле на коњ и никогаш не сте помислиле дека некогаш ќе јавате. Така си мислевме и ние, но, откривме нешто што не' предизвика - јавачките тури на Коњичкиот клуб „Меденица“ од Галичник. Решивме со нив да се качиме до Милениумскиот Крст во Скопје. Не ни се верува колку лесно не' освои јавањетоМакедонскиот рубин: Македонскиот рубин Не сите земји можат да се пофалат со свој национален скапоцен камен. Кина е позната по кинескиот жад, Австралија по австралискиот опал, Чешка по - чешкиот гранат, Колумбија - по колумбискиот смарагд, Балтичките земји - по балтичкиот килибар, САД - по тиркизот. Ова е приказна за македонскиот рубин, скапоцениот камен од МакедонијаРадожда, кај што се буди радоста: Радожда, кај што се буди радоста Некогаш беше позната можеби и повеќе отколку што се познати денес најпопуларните летувалишта и рибарски населби на охридскиот брег. Но, времето на Радожда повторно доаѓа. Се' повеќе луѓе повторно ја откриваат привлечноста на најјужната точка на струшкото крајбрежјеВруток, кај што почнува се': Вруток, кај што почнува се' Вардар веќе долго време е само точка за ориентација во нашето секојдневие. Веќе сме ги заборавиле Вруток - местото каде што извира - и капењето во реката. Но, Вруток станува познат и по нешто друго. Се' почесто слушаме од пријателите за убавите ресторани со свежа риба, блиску до изворот на ВардарБлагодарност на:: Благодарност на : Зоран Бојаровски Петре Камчевски Слободан Чашуле Васил Мукаетов Гордана Јанакиевска Коле Велков Васил Боглев Зоран Атанасовски Душко Алексовски Лазо Плавевски Стевче Доневски Слободан Симоновски д-р Владимир Крпач Слободан Столески Бехиџудин Шехапи Раде Митрашкоски имам д-р Зекирија Бајрами Марко Митрашкоски имам Лиман Исмаили семејство Раманови Ленче Јованова Никола Целакоски Ѓорѓи Тодоровски – Трупче Климчо Балев Ѕвонко Плавевски Миле Петровски Кети Мазнева Методија Станиновски Стефан Данев сестра Перпетуа Методија Ѓуровски сестра ДоротеаБлагодарност на:: Благодарност на : сестра Харитина Милош Милосављевиќ Антонио Јакимовски Ирена Десовска Мила Шурбановска Красимир Трајков Ангел Наков Христина Ивановска Ма р а Парталоска д-р Владимир Плавевски Спаса Парталоска Александар Стојаноски ( Jooce.com ) В асиличарска дружина „Сиви дом“ Израел Бехар Јован Шекуткоски Златко Пецаков Ѓоко Парталоски Борче Насковски Горан Калајџиевски – КГБ Исмет Балта Дом за стари лица „Мајка Тереза“ Исамедин Кајоли Никола Матевски Гани Исљами Весна Рајковска Шерафеттин Бислим Аника Кртолица Хусамедин Гина Нада Андоновска Ване Костов Мери Аницин – Пејоска Александар СрбовБлагодарност на:: Благодарност на : Драги Делев Љупчо Радевски Кире Јанашлиев семејство Главевски, с. Буково Билјана Ивановска Роза и Борис Ѓоргоски Кочо Агушев Фана и Алексо Секулоски Гоце Ефтимов семејство Ѓорѓиоски Глигор Кузмановски Валентина Ѓорѓиоска Драган Ѓеорѓиевски Константин Ѓорѓиоски Симеон Моне Златев Политими Марковска Душко Станиславски Костадинка Гросмит Благоја Јордановски Дејвид Вотфорд Иван Глигоровски Иван Жежовски Круме Стефановски Владо Бојаџи Владо Ставрески Славко Упевче Даре Митревски – Џамбаз Јане Секуловски Гоце Стојановски Александар Колов Веле Јолески Владо ЖураБлагодарност на:: Благодарност на : Ванчо Стојаноски Стојанче Костовски Владе Мојаноски Антун Циримотиќ Елена Камиловска Петар Јаки Климе Матоски Марија Мурџева Михаил Малахов отец Стефан Санџакоски Тони Арсовски Ивана Петровиќ Оливер Димитровски Ленче Ризова Дарјан Раденковиќ Душанка Танушевска Елез Елези Данило Коцевски Блаже Милошевски Сашо Блажевски Коста Хаџиантоновски Паско Кузман Анте Поповски Славе Србиновски Бесник Шуки Никола Атанасов Владимир Петков Христо Секуловски Томислав Мишевски Наум Наумоски Љубиша Тасиќ Лазе НаумоскиБлагодарност на:: Благодарност на : Бошко Тренески Силвана Блажевска семејство Ристови, с. Владевци Гоце Павловски Илчо Ристов аџи Јусуф (Шарена џамија) Роца Николовска Аслан Вишко Јован Јоновски Здравко Василевски владика Иларион Небојша Захариески отец Дамаскин Вукица и Кранислав Недељковиќ Милка Крстевска проф. Дионис Пашлаков Златко Давитковски Златко Крстевски Ивона Опетческа-Татарчевска Илија Велкоски Елзи Иванчиќ-Дунин Македонско еколошко друштво Ристо Русески Диме Меловски Боро Даскалоски Горан Бошковски Милан Тошев Јасемин Назим Ердал Идризов Мендо Велјановски Оливера Стефановска Кристијан ТемелковскиБлагодарност на:: Благодарност на : Драги Митревски Ташко Палигора Марко Арсовски Тефик Тефикоски – Туто Слободан Угриновски Доксе Јанкуловски Златко Видевски Михаил Ренџов Цоне Крстевски Катерина Иванова Рената Кутера-Здравковска Васко Величковски Мими Чучурска Крсто Геговски Аце Ристовски Миле К'нчевски Стефан Киреј Деан Шкартов Зоран Танчев Влатко Димовски Пеце Николовски – Шишман Ристо Наумоски д-р Омер Сулејман Чедомир Лакоски Калиопа Кривашија-Стилиновиќ Драган Алексоски Кузман Поп-Стефанија Миле Алексоски Елена Петровска Зоран Спасески Билјана Георгиевска Мики ТрифуноскиБлагодарност на:: Благодарност на : и сите што помагаа со предлози, идеи, бодрење, контакти , м атеријали и л огистика .PowerPoint Presentation: Соработници: Дарко Мораитов , Васил Боглев , Милан Стрезовски , Андон Давчев , Маја Симовска , Маја Арсовска , Александар Механџиев , Филип Поповски , Љубомир Стефанов , Ивана Кузмановска (фото); Александар Јанковиќ , Зоран Гулевски, Јасмина Аросва-Чашуле (графички дизајн на печатените изданија); Виолета Караџовска-Стојанова (лектура).Скопје, 2007 – 2011: Скопје, 2007 – 2011 You do not have the permission to view this presentation. In order to view it, please contact the author of the presentation.
Васко Марковски - „Непозната Македонија“ vasko_markovski Download Post to : URL : Related Presentations : Share Add to Flag Embed Email Send to Blogs and Networks Add to Channel Uploaded from authorPOINT lite Insert YouTube videos in PowerPont slides with aS Desktop Copy embed code: (To copy code, click on the text box) Embed: URL: Thumbnail: WordPress Embed Customize Embed The presentation is successfully added In Your Favorites. Views: 217 Category: Travel/ Places.. License: All Rights Reserved Like it (0) Dislike it (0) Added: December 11, 2011 This Presentation is Public Favorites: 0 Presentation Description Ретроспектива на серијалот репортажи „Непозната Македонија“ објавуван во неделникот „Форум“ и месечниците „Free Time Guide - Macedonia“ и „Life Магазин“ во периодот од мај 2007 до септември 2011 година. Автор: Васко Марковски. Comments Posting comment... Premium member Presentation Transcript The Storytellers: The Storytellers ви прикажуваатНепозната Македонија: Непозната Македонија Васко МарковскиКрали Марко суперстар: Крали Марко суперстар Името на Крали Марко ќе го сретнете на шише пиво, како име на ресторанче во близина на Стража, на репертоарот на театрите, во народното творештво на балканските народи, на интернет и на милион други места, но не и како име кое ќе носи туристи во Македонија, земјата во која владеел и која изобилува со топоними и легенди поврзани со неговото име.Цоцев Камен: Цоцев Камен Мистериозно древно светилиште. Место за живеење, храм со платформа за ритуални жртвувања и праисториска опсерваторија за набљудување на ѕвездите. Научниците се' уште полемизираат што е Цоцев Камен, но едно е јасно - вреди да се посетиМатка, кањонот на пеперутките: Матка, кањонот на пеперутките Македонија изобилува со богатство од разни видови пеперутки. Од 400 видови пеперутки, колку што се регистрирани во Европа, во Македонија живеат 201, а две третини од нив живеат во долината на ТрескаРотондата од Коњух : Ротондата од Коњух Кратовското село Коњух е едно од ретките места на Балканот кои во својата утроба кријат ранохристијански базилики со кружна форма. Храмот го отркил побожниот дедо Зафир, кој имал визија каде точно да го бара, иако бил целосно слепКулата што го направила Скопје метропола: Кулата што го направила Скопје метропола Одвојте време и качете се на скопската Саат-кула. Нема зборови со кои може да се опише чувството додека го гледате градот од горе. Можеби наједноставно го опишал познатиот англиски патеписец Едвард Браун, кој рекол дека тоа е најубавата панорама на градот што ја виделЏамијата на Султан Мурат: Џамијата на Султан Мурат Скопје било еден од трите градови што ја имале привилегијата да добијат султанска џамија во времето на османлискиот император Мурат ВториСаркофазите од Карпош 3: Саркофазите од Карпош 3 Можеби секојдневно поминувате покрај Музејот на град Скопје кај старата железничка станица, но дали сте свесни какви приказни кријат во себе камените споменици што ги одминувате со полни кеси во рацете, додека туркате детска количка по тротоарот или додека се пробивате низ една од трите коловозни ленти?Ни на небо, ни на земја: Ни на небо, ни на земја Како се живее на највисоките катови на скопските висококатници. Што им е на тие луѓе нормален пејзаж низ прозорецот. Се чувствуват ли далеку од земјата, од луѓето, од животот на градот. Нивниот одговор најчесто е "стан како стан, с¢ едно ми е дали сум на 5-ти или на 15-ти кат"Музеј во паричникот: Музеј во паричникот Сте помислиле ли каков каталог на кутлурата, историјата и на природните убавини на Македонија носите в џеб, кога во паричникот имате ќе ви се најде по еден примерок од македонските монети и банкноти?Винари од памтивек: Винари од памтивек Црно тиквешко, неготинска жолта, куќи ѕидани од кал и од вино - сте помислиле ли кога и како почнало сето тоа?Насликана чаршија: Насликана чаршија Скопската стара чаршија била голем предизвик за современите македонски сликари од првата и од втората генерација кои се занимавале со урбаните мотиви. Во моментите кога преокупација им била бојата, сите, без размислување, знаеле каде да отидат. Толкаво богатство од бои можела да им понуди само чаршијатаКозарот од Таор: Козарот од Таор Дали сте и вие од оние што се уверени дека козјото млеко има тежок мирис, дека никогаш не би пробале козјо сирење. Појдете во скопското село Таор и разуверете се. Пробајте ги сирењата на козарот од Таор. Таков деликатес не се пропуштаКралство на стомните: Кралство на стомните Кичевското село Вранештица, навидум, е само уште едно македонско село со куќи наредени на неколку ридови. Но, по едно се разликува од другите. Некогаш таму имало 200 грнчарски работилници, а и денес таму живе најголемата грнчарска заедница во МакедонијаИ чипсот има роден крај: И чипсот има роден крај Забележувате ли колку е компирот присутен насекаде околу нас? Сте помислиле каде почнува тој пат?. Можеби на тоа ќе ве потсети оваа берба на компири во кичевското село АјројцаЗа кого загинаа?: За кого загинаа? За кого и за што загинале повеќе од 13.000 војници што почиваат на француските и на германските воени гробишта во Битола? Одговорот го даде едноминутно молчење на амбасадорите на Франција и на Германија, кои деновиве заеднички им оддадоа почит на загинатите. Дали во нивниот молк лебдеше пораката - загинаа за да £ дојде паметот на Европа?Кој фрлал пушки в езеро?: Кој фрлал пушки в езеро? Чии биле, кој и зошто ги фрлил старите пушки и кубури што неодамна ги открија нуркачите од охридскиот Клуб за подводни истражувања близу до брегот на стариот дел на Охрид?Владичките одежди од Матка: Владичките одежди од Матка Ателје за изработка на владички одежди со компјутерски управувани машини во манастир од 14 век. Не е фикција - токму таква е работилницата на сестринството од манастирот Успение на Пресвета Богородица во скопска МаткаОчи в очи со древното: Очи в очи со древното Римскиот форум во Стоби, ја менува историјата на градот.Според најновите откритија на археолозите, остатоците од објектот кој бил ѕверски разрушен при налетот на Хуните сведочат дека историјата на градот почнува пораноВлез во внатрешниот свет: Влез во внатрешниот свет Врати, капии, порти.Секоја од нив зад себе крие по еден свет, различен од другите. Нивното надворешно лице сведочи за времето во кое биле направени, зборува за луѓето што живеат зад неа и за настаните што се случувале пред и зад нивГосподи сполај ти што су' вевчанец!: Господи сполај ти што су' вевчанец ! Два дена апсолутна слобода на духот. Така вевчанци ќе ви го опишат василичарскиот карневал, што се одржува веќе 1.400 години за празниците Стара нова година и Свети Василиј. Оние што го знаат карневалот од порано, со нетрпение чекаат да видат со какви маски ќе изненадат вевчанци годинава, оние што доаѓаат првпат веќе прават план кого да донесат во Вевчани следната годинаКожуф Партенкирхен: Кожуф Партенкирхен Најновиот македонски ски-центар пред десетина дена ги отвори вратите за скијачите од Македонија и од Грција. Според сопствениците на комплексот, Кожуф ќе израсне во елитен скијачки центар, што ќе им ја земе славата на балканските зимско-рекреативни одморалиштаЗеми четку и работи!: Земи четку и работи! Некој сака да оди во фитнес-центар, некој во обложувалница, некој си отвора блог или страница на Фејсбук. Дваесетина скопјани решиле нивно хоби и рекреација да биде сликањето. Тоа им го овозможила Ликовната работилница во БуњаковецНе сме тука мечките да не' изедат!: Не сме тука мечките да не' изедат! Можеби се' уште му робуваме на старото табу дека е срамота ако некој повозрасен член од нашето семејство живее во дом за старци, но таквите предрасуди полека-полека попуштаат. Дека е така, се уверивме по неодамнешната средба со управникот на домот за стари и изнемоштени лица во скопско Злокуќани и разговорот со дел од луѓето што се згрижени тамуРизница во 60.000 m2: Ризница во 60.000 m 2 Сакајќи да привлече што повеќе посетители, Музејот на Македонија од неодамна воведе бесплатни викенд посети, секој последен викенд во месецот. Доволен повод и таму да побараме дел од непознатата МакедонијаИсторија на парче метал: Историја на парче метал Каква приказна зад себе кријат ордените, плакетите и медалите? Како се создава една колекција на вакви предмети? Одговорот го побаравме кај фалеристот Красимир Трајков, организатор на изложбата на софиската ковачница за пари и ордени Монетен двор, што ќе се одржи на 3 март во Универзитетската библиотека во СкопјеСтранци во својот град: Странци во својот град Што е тоа што разгледуваат низ Скопје групите странци што ги среќаваме на улица како одат како ученичиња зад нивниот туристички водич? Што е највредно да покажеме некому во главниот град на Македонија. За да видиме, решивме и ние да се направиме странци, да земеме водич кој ќе ни покаже што е тоа што привлекува туристи нашиот градБунтот на Роса и Накие: Бунтот на Роса и Накие Осми март не е само ден кога им даруваме цвеќе на жените од нашето поблиско опкружување, или повод фирмите да ги почестат жените од колективот прослава во ресторан или шопинг во соседните земји. За правата што ги имаат денес жените, некои други жени некогаш биле апсени и јавно влечени за коса. Такви биле и скопјанките Роса Плавева и Накие БајрамМакедонец го премостува дигиталниот јаз: Македонец го премостува дигиталниот јаз Веб-сервисот Jooce.com , чиј основач е Македонецот Александар Стојаноски, деновиве е топ-тема во рубриките за технологија на светските медиуми. Со помош на порталот секој може да добие свој виртуелен компјутер - потребен му е само пристап на интернетГо преживеав Холокаустот: Го преживеав Холокаустот Скопјанецот Израел Бехар е еден од неколкуте македонски Евреи што го преживеаа систематското уништување на Евреите во концентрационите логориШпанецот: Шпанецот Не е некој супермодерен или супербрз воз, какви што гледаме на телевизиските прилози од Франција или од Јапонија, но, сепак, на патниците им е посебно драг. Ретко кој го нарекува со фицијалното име - двомоторна дизел гарнитура, 712 - МАКОСА. За патниците тоа е, едноставно - ШпанецотДомино: Домино Чајџилницата Ат-Ал во скопската Стара чаршија е едно од ретките места каде што се уште се игра домино, една од друштвените игри што веќе сме ги заборавилеСобранието под рендген: Собранието под рендген Како излгеда просторијата од која влегуваат пратениците во салата за седници, низ вратата откај опозициските пратеници? Во кој дел од зградата на Парламентот е долгнавестата мрачна, здодевна просторија во која понекогаш држат седници на некои комисии? Каде одат претседателот на собранието и координаторите на пратеничките групи 'на координација' кога ќе зачкрипи нешто? Ве водиме на ексклузивна на прошетка низ просториите на македонскиот ПарламентКаменот што носи деца: Каменот што носи деца Стотици луѓе секоја година на Ѓурѓовден го браат Говедаров камен, големата карпа кај Свети Николе за која се верува дека им дава пород на жените што не можеле да забременатГрад на кули и мостови: Град на кули и мостови Доволно е само еднаш да отидете во Кратово. Додека си заминувате од таму, веќе правите план повторно да се вратите. Град кој секогаш има нови приказни да ви открие - кулите и мостовите се само дел од нивНајмалиот музеј на светот: Најмалиот музеј на светот Викендичката на скопјанецот Моне Златев во тетовското село Џепчиште на прв поглед по ништо не се разликува од соседните куќи. Но, разликата е огромна - во неа е сместен најмалиот етнолошки музеј на светот, со повеќе од 1.150 предмети во 7,2 квадратни метриМатуранти и по 60 години: Матуранти и по 60 години Во мај весниците се полни со огласи за прослава на 5, 10 или 20 години од матурирањето. Меѓу нив годинава се појави една навистина ретка инфомрација - првата генерација народни учители годинава прослави 60 години матураСенката на Силјан повторно лета: Сенката на Силјан повторно лета Театарот на сенки повторно се врати во Македонија. Неговата традиција од неодамна ја продолжува Театарската трупа "Сенки и облаци" од Скопје, која деновиве настапува на фестивалот на улична култура Баскер фест 2008Охридски цреши: Охридски цреши Убави цреши ќе најдете и во скопско Нерези, Чифлик и на други места во Македонија, но никој не спори дека најубавите се таму, во Охрид, охридските цреши, охридските черешниПатот на езерата: Патот на езерата Скршнете пред Стража накај Маврово и Дебар и така стигнете до Охрид. Ќе видите три езера повеќе, Радика, живописни села и Дебар. За промена, наместо 174, поминете 200 километри - сликите што ќе ги видите вредат многу повеќеОпинци за Џон: Опинци за Џон Опинчарскиот дуќан "Џамбаз" во скопската Стара чаршија е едно од последните места во кои се продаваат обувките што непрекинато се носат на територијата на Македонија повеќе од 500 години. Ако некогаш биле жигосувани како одлика за руралното, денес опинците се привлечни и за домашните и за странските муштерииОстровот: Островот Голем Град е единствениот остров на територијата на Република Македонија. Тоа што е единствениот остров и ретката убавина прават змискиот остров да не го остава рамнодушен никого што веќе ја посетил Преспа, а пропуштил да го види одблизуСафари зад Водно: Сафари зад Водно Јасен - ловиште, национален парк, природен резерват, или подземно скривалиште за македонскиот државен врв? Можеби е тешко да се дефинира што се е Јасен, но едно е јасно - станува збор за еден од најнепознатите предели во Македонија. Во следните две изданија од серијалот ви го откриваме тој дел од непозната МакедонијаПлажи на Козјак: Плажи на Козјак Во второто продолжение од репортажата од природниот резерват Јасен пловиме по вештачкото езеро Козјак. Според најавите од управата на резерватот, таму наскоро ќе никнат плажиСкаменети сватови: Скаменети сватови Локалитетот Куклица во близина на Кратово неодамна беше прогласен за споменик на природата, заштитен со закон. Овојпат ве водиме таму, додека се уште имаме право да го наречеме Непозната МакедонијаБуковец: Буковец Можете ли да замислите скара или ќебапи без буковец? Тешко. Тогаш, бидете им благодарни на жителите на битолското село Буково, зашто, да не беа тие, немаше да го има ни буковецотСвета Спасица од Вишни: Света Спасица од Вишни Која била светителката со сребрена маска од струшкото село Вишни?Идно Скопје: Идно Скопје Откако во весниците прочитавме дека експериментот во подземните тунели на ЦЕРН во Женева бил оценет како успешен, а човештвото добило временска машина, решивме да се пријавиме во тимот доброволци за патување низ времето. Оваа репортажа ја испраќаме од едно идно време, од идно Скопје, кое многу се изменило, но, во кое, сепак, лесно ќе се снајдетеПреспански јаболка: Преспански јаболка Одењето во Преспа секогаш е посебно дожувување. Круната на тоа чувство е октомври - месецот кога насекаде ве следат дрвца полни јаболкаХрам на Божјата Премудрост: Храм на Божјата Премудрост Охридската црква Света Софија не е само концертен простор со добра акустика и одлично место за оддишка по искачувањето и симнувањето на стрмнините до Самуиловата тврдина, Плаошник и Свети Јован Канео. Тоа е архиепископскиот храм на Охридската архиепископија, местото каде што некогаш се носеле одлуки што се однесувале на христијанските верници од Дунав до Солун, од Малта до Молдавија и Романија - срцето на некогашниот резиденцијален кварт, во кој живееле славните охридски архиепископиГлавен град на пеколот: Главен град на пеколот Лекциите по историја, колку-толку, не ’ научија дека Солунскиот фронт бил една од најкрвавите фронтовски линии за време на Првата светска војна, но, малку знаеме дека од 1916 до 1918 г.Битола и битолчани дваесет и два месеца секојдневно биле изложени на оган од 10.000 бомби и гранатиМакедонија на поштенски марки: Македонија на поштенски марки Поштенските марки не се само платежно средство во поштенскиот сообраќај. Тие се и минијатурни ремек дела што патуваат низ светот презентирајќи ги културното наследство, природните богатства и историјата на државата што ја претставуваатМалиот битолски Монмартр: Малиот битолски Монмартр Ликовна колонија, најголема ризница на детски цртежи на светот, ликовна школа, изложба за Гинис, сликарски карван.. Што се се крие зад името Мал битолски Монмартр? Најкусиот одговор е - сето тоа! За подолгиот ќе ни бидат потребни многу повеќе страници од просторот што ни е на располагање..Турски чај: Турски чај Два чајника, еден врз друг, два грста цејлонски чај, црн, од жолта кутија - со канаринец - и барем еден-двајца пријатели. Доволно елементи за пријатен муабет и дружење! Другото ќе го направи чајот!Вовчето: Вовчето Повозрасните ќе ви раскажат едно чудо приказни за патувањата со воз до Охрид, за вовчето Ќиро, кое одвај ги совладувало нагорнините кај Кичево, до толку, што на патниците им било полесно да слезат, да појдат пеш прекутрупа и да го дочекаат зад брдото. Помладите генерации речиси воопшто не го познаваат или, пак, му се чудат кога ќе го видат пред железничката станица во Кичево или во паркот во скопската населба Ѓорче ПетровКавалите на Стојанче: Кавалите на Стојанче Доволно е да ги разгледте одблиску некој од нив, да ги допрете, или бар малку да се помачите обидувајќи се да произведете тон на некој од неговите кавали. Со јазикот на рокенролот, кавалите на Стојанче Костовски од скопско Виниче се како Фендер Стратокастер или Гибсон Лес Пол, а за класичарите, квалитетни како виолина СтрадивариПатокази на животот: Патокази на животот За христијанските верници крстот не е само знак кој потсетува на распнувањето на Христос на Голгота и знак за искажување припадност кон христијанскта вера.Во него е содржана и суштината на христијанската морална матрица, најкусо кажано: со мислите нагоре, со рацете подадени кон луѓето околу насПрвите македонски оргули: Првите македонски оргули Можеби стотина или илјадници пати сте ја слушнале ‘ Токата и фуга ’ од Јохан Себастијан Бах, но дали сте помислиле дека истата таа композиција ниту еднаш не сте ја чуле во живо, ниту еднаш во својот град, ниту еднаш во живо во Македонија? Верниците на католичката црква во Скопје годинава првпат го дочекаа Божик со сите нишани - свечено, соборно и со звукот на вистински оргулиСиноптичарите: Синоптичарите Сите им ги знаеме имињата, на сите од нив. Толку сме навикнати на нив што ги чувствуваме како да ни се некој од фамилијата, луѓе што секојдневно ги среќаваме, па се фаќаме себеси како понекогаш им подвикнуваме, кога не ни се допаѓа временската прогноза за денот или викендот што ни претстои. Неодамнешните големи снегови уште еднаш не потсетија дека без нив, сепак, не можемеВевчани 2009: Вевчани 2009 Се ’ на едно место - Ајнштајн и Мистер Бин се први другари, веднаш до нив е четничкиот водач Дража Михајловиќ, рамо до рамо со Албанец што искрено ја негува традицијата, и чудовишта како членовите на авангардните Резидентс. Тоа го има само во Вевчани. Но, не само тоа! На 13 и 14 јануари таму ќе видите и василичарчиња и визита и ќе дочекате Стара нова година, на стотина метри од прекрасните вевчански извориДождливо попладне во Заливот на коските: Дождливо попладне во Заливот на коските Музејот на вода на полуостровот Градиште во Охрид е место каде што можете да ја почувствувате праисторијата, да видите во какви населби живееле луѓето пред околу 3.200 години и да почувствувате како се живее во куќа над вода16-ка: 16-ка Автобуската линија број 16 на скопско ЈСП е приказна за себе - возење низ различностите на градот. Поврзува четири општини, двете најголеми височини на градот - Водно и Гази Баба, шаренило од архитектонски објекти и луѓе со различни навикиДексион: Дексион Главниот лик во оваа приказна не е ниту човек, ниту група луѓе, ниту организација формирана од луѓе. Ова е приказна за еден челичен профил, приказна за тоа како една скопска населба го добила името по еден градежен елемент, и приказна за тоа како и колку еден челичен профил може да стане дел од животите на луѓето од една населбаВулканот: Вулканот На прв поглед, охридското село Косел ќе ви изгледа како едно обично македонско крајпатно село, чиј почеток и крај се означени со големи жолти табли. Така е се додека да стигнете некаде до средината на селото, кога ќе почувствувате чуден мирис, мирис на расипани јајца. Но, не брзајте да им испратите чуден поглед на луѓето со кои се возите. Мирисот што ве збунил го испуштаат неколкуте дупки над селото, познати како единствениот жив вулкан на БалканотЧувари на животот: Чувари на животот Симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво или - подвижен музеј на идентитетот и историјата на македонскиот народ - има безброј начини да се опише Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец"Патот на цвеќето: Патот на цвеќето Струмичко Владевци е родниот крај на речиси сите саксии со цвеќиња што ќе ги видите на пазарите, во цвеќарниците или на кое и да е друго место низ МакедонијаЦветови од јамата: Цветови од јамата Минеролошката збирка во домот на културата "Злетовски рудар" во Пробиштип е единственото место во Македонија каде што можете да видите ретки минерали од македонските рудници и средновековни рударски алаткиГрбовите на Македонија: Грбовите на Македонија Во витрините на Музејот на Македонија од неодамна се претставени историските грбови на Македонија што досега сме имале можност да ги видиме, но и десетина грбови кои за првпат и се претставуваат на пошироката јавностМанастир над лесновскиот кратер: Манастир над лесновскиот кратер Лесновскиот манастир некогаш бил седиште на Злетовската епископија од 14 век, а заедно во пештерски цркви и келии во покрај Злетовска река некогаш бил живееле на 350 монаси. И не само тоа - светилиштето е ризница на вредни фрески, почеток на раскошните иконостаси од дрворез и некогашен важен книжевен центар на БалканотРизница во кугланата: Ризница во кугланата Етнолошката збирка во домот на културата "Злетовски рудар" во Пробиштип е едно од малкуте места каде што можете да видите народни носии, предмети од домаќинството од пробиштипско-злетовскиот крајЧинарот: Чинарот За биолозите, тоа е стариот охридски platanus orientalis.. За охриѓани - Чинарон! - место каде што поминале и поминуваат голем дел од животот, дрво што има да ви раскаже 1.100 години историјаЗабрането во ЕУ: Забрането во ЕУ Каков би бил животот да го немало дрвото? Какви садови и каков прибор се поставувале на софрата на нашите предци? Какви кујнски алатки морало да има во секој дом до првите децении од 20 век? Милион прашања се раѓаат додека ја разлгедувате изложбата на традиционални дрвени предмети, што неодамна ја постави Музејот на МакедонијаМузејот на Злате: Музејот на Злате Тргнал на печалба, но животниот пат го одвел во село за кое дотогаш нит' чул, нит некогаш го видел. Наместо во Чехословачка, божјиот глас го упатил во кумановско Режановце, да го обнови манастирот 'Свети Јован Опсечен'. Оттогаш, според Божјата промисла, манастирот станал вечен дом за Златко Давитковски, родум од с. Дренак, КривопаланечкоЦиронки: Циронки Кога се во езеро, или кога се свежи, пржени или печени се 'преспански белвици'. Но, кога ќе ги исушиш, посолени, пресувани, стануваат циронки - деликатес на селата од западниот брег на Преспанско езеро - Стење и Коњско, подготвени според уникатен традиционален рецепт за чувување риба до следната риболовна сезонаАзното на Елзи: Азното на Елзи Малкумина во Македонија го знаат името на Елзи Иванчиќ-Дунин, а би требало да го знаат како што ги знаат имињата на Марко Цепенков, Браќа Миладиновци или Кузман Шапкарев. Порано или подоцна, нејзиното име ќе биде забележано со златни букви во културната историјата на Македонија, како танцов етнолог што ја составил најголемата видео-збирка на македонски ора кога и да еВевчанските извори: Вевчанските извори За вевчанци, изворите се нешто за што вреди да се гине. За луѓето што не се од Вевчани, а некогаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената рекаСрцето на Свети Наум: Срцето на Свети Наум Манастирот Свети Наум е едно од неколкуте места што ќе ги наброиме на прсти ако некој штотуку разбудени сред ноќ не запраша да ги наброиме најубавите места во Македонија - вечно почивалиште на Свети Наум Охридски и еден од најубавите пределиЧуварот на Галичник: Чуварот на Галичник Замина Гаца, последниот жител на Галичник, чуварот на селото, чуварот на галичките обичаи, котвата на галичаниСтрушките скокачи: Струшките скокачи За стружани, скокањето од мостовите на Дрим е задоволство без кое не може да поминат дестството и младешките години на речиси секој стружанец. За случајните минувачи тие се провокација која ве тера да подзастанете и да ги погледате, и по цена облеката да ви ја направат 'жива вода'Паркот на поезијата: Паркот на поезијата Ако сте од оние што не се нашле себеси во поезијата и кои поезијата не ја нашле во себе, го доживувате како обичен градски парк, кој питомо ќе ви понуди лад од летното сонце. Но, сè станува поинакво, кога ќе ги ставите волшебните очила на поезијата и почнувате да лутате меѓу дрвјатаДојранските лековити алги: Дојранските лековити алги Тешко ќе најдете место за сместување ако решите да одите во Дојран во втората половина на август. Кога цутат дојранските алги градот е окупиран од семејни луѓе со мали деца, дојдени да им ја зајакнат отпорноста на настинки, пред сезоната на маглите и студените зими во градовитеМистериите на Стоби: Мистериите на Стоби Иако важи за еден од археолошките локалитети за кој најмногу знаеме, Стоби е град полн со мистерии - и за лаиците, и за археолозите. Годинашните истражувања навестуваат дека градот допрва уште би можел да нè изненади со репрезентативни градбиШарена џамија: Шарена џамија Шарената џамија во Тетово, позната и како Алаџа џамија или Паша џамија откако била обновена од тетовскиот големец Абдурахман паша, е место кое неизбежно се споменува во речиси секој туристички водич за Македонија. Но, и покрај тоа, секое одење таму открива нови и нови провокации, кои прават без двоумење и неа да ја вброиме во Непозната МакедонијаТетоец: Тетоец Тетовскиот грав е еден од врвните македонски земјоделски производи, каков што би сакале да одгледуваат многумина. Ако сте вие човекот што пазарува во домот, сигурно барем еднаш ви се случило да ви подметнат украински, мексикански или којзнае каков грав под името 'тетовски'. И има зошто - шарпланинските води и умерената клима прават во тетовско да расте најквалитетниот грав во Македонија и на БалканотПрофесор Олдтајмер: Професор Олдтајмер Неговите кромањонци и питекантропуси се старите 'опели', 'ситроени', 'фолксвагени' и 'шкоди', а посебна страст му е еволуцијата на автомобилите 'опел олимпија'. Ова е приказна за професор Дионис Пашлаков од Неготино, професор по биологија и сопственик на најголемата збирка на стари автомобили во МакедонијаСветецот со кучешка глава: Светецот со кучешка глава Галеријата на икони на градскиот музеј во Прилеп е едно од најубавите места во Македонија во кои се изложени ‘прозорци кон вечноста’, како што во една пригода ги нарече иконите професорот на Богословскиот факултет во Скопје отец Стефан Санџакоски. Раскошна збирка на ремек дела, и една загадочна, ретка икона меѓу нив - иконата на Свети Христифор, светецот со кучешка главаВевчанските воденици: Вевчанските воденици Вевчани е едно од ретките места во Македонија во кои сè уште се користат воденици за мелење брашно и сточна храна. Селото изобилува со вода, што направило во Вевчани никогаш да не згасне воденичарскиот занаетПоследните рисови: Последните рисови По две години истражување, веќе сè се знае - во Македонија има 20 до 30 рисови, во планинските предели од Шар Планина до Јабланица. Чувајте ги, зашто тоа се последните рисови што можеме да им ги оставиме на нашите поколенијаКопаничарот од Фејсбук: Копаничарот од Фејсбук Би било неумесно да кажеме дека социјалните мрежи на интернет се шишето кока-кола од филмот “Боговите паднаа на теме” - нешто што само може да ги оддалечи луѓето едни од други, трошејќи им го залудно времето. Помислете и на убавите нешта што можете да ги најдете таму. На пример, доказ дека копаничарството во Македонија не изумира, туку добива генерација од многу вештиТајниот јазик на килимите: Тајниот јазик на килимите Со векови килимите биле користени од жените како медиум во кој ќе ги искажат нивните чувства и желби. Ткаењето килими, за нив било еден вид пишување дневникВкусовите на Стара чаршија: Вкусовите на Стара чаршија Скопската Стара чаршија ќе најде илјада начини да ви покаже дека е место каде што се среќаваат световите. Една од таквите средби е средбата на вкусовите на Истокот и Западот, кои ве демнат на секое сокаче по кое ќе зачекоритеКрушево во обичен ден: Крушево во обичен ден Првата слика што ни паѓа пред очи кога ќе помислиме на Крушево, обично се масовните прослави на годишнината од Илинденското востание или реките од почитувачи на Тоше Проевски во деновите на помен по неговото загинување. Решивме да го посетиме Крушево во обичен ден, кога улиците се речиси празни и тивки, кога можете на раат да уживате откривајќи ги тајните на највисокиот град на БалканотЛетачите од Мечкин Kамен: Летачите од Мечкин K амен Мечкин Kамен не е само местото на последната битка за време на Илинденското востание. Малку знаеме дека е и место што нуди одлични услови за параглајдерски летови, место каде што се одржуваат националните првенства на неколку европски земјиМед, млеко и мирис на дрво: Мед, млеко и мирис на дрво Берово, само по себе, не е град од кој можете многу да очекувате, ако од него барате впечатлива архитектура, место за забава или урбанистичка логика. Неговата привлечност е во околината - во питомото езеро, боровите шуми и преопознатливите вкусови што ги дала природатаСкопско кале: Скопско кале Исчекувајќи моментот кога археолозите и конзерваторите ќе ја завршат својата работа, решивме да разгледаме дел од историјата на скопската тврдина, запишана од хроничарите на градотКвартот на Тито: Квартот на Тито Ви треба само добра концентрација за да го забележите тоа. Центарот на Скопје има доволно елементи за да се набљудува како музеј под отворено небо, или своевиден 'Дизниленд', атрактивен за странците и за помладите генерацииАрхеологија 2009: Археологија 2009 Во Музејот на Македонија од неодамна се изложени предмети што беа откриени на 18 локалитети за време на археолошките истражувања во 2009 година. Изложени 9.800 артефакти, кои, според археолозите, се само мал дел од огромното културно наследство што за кое до неодамна беше непознатоСпомен-куќа на Мајка Тереза: Спомен-куќа на Мајка Тереза Уште од првиот ден кога беше отворен за посетителите, Спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје предизвикува различни реакции кај оние што го виделе. Решивме да го посетиме една година потоа, откако помина вревата, пред да се исполни третата книга со впечатоциМакедонскиот Лас Вегас: Македонскиот Лас Вегас Разговарајќи со луѓето од казино-бизнисот, ќе добиете впечаток дека нерадо го прифаќаат изразот „Македонски Лас Вегас“. Велат - далеку сме од тоа. Но, има многу сличности, кои нè прават доволно храбри за да ја наречеме Гевгелија токму така - бројот на казина и придонесот што го имаат за развој на економијата на градотЗлатната маска од Охрид: Златната маска од Охрид 30 септември 2002. На радиото одекнува необична вест: ’Епохално откритие на археолозите во Охрид - златна погребна маска и ракавица. Ромео и Јулија 500 години пред раѓањето на Христос“Беласичките водопади: Беласичките водопади Смоларскиот и Колешинскиот водопад, на дваесетина минути возење од Струмица, беа речиси непознати до пред десетина години. Денес за нив знае речиси секој што решил да ги научи убавините на Македонија. Но, тие се најпознатите. Луѓето од соседните села ќе ви кажат дека Беласица има многу повеќе водопади, ресчиси секое село има барем по еденГрадот на конзулите: Градот на конзулите Дипломатското присуство во Битола за време на последните децении од Османлиската Империја имало силно влијание врз економскиот и културниот живот на жителите на градот. Времето кога најблиските центри во околината биле Солун и Стамбол, а светогледот на луѓето бил ориентиран кон Истокот, кон Солунското пристаниште и Медитеранот - оставило космополитски траги врз карактерот на битолчаниОхрид од песните: Охрид од песните Секој што го видел во себе носи некој друг, посебен Охрид. За некого тоа е градот на Свети Климен Охридски, на Цар Самуил. Други го паметат по античкиот град Лихнидос, по убавата архитектура или по вкусната пастрмка. Но, има и еден друг Охрид. Охрид од песните, место каде што настанале најубавите македонски градски песни, во кои се зачувани живи слики од неговото минатоПелистер за почетници: Пелистер за почетници Има многу причини да го посетите Пелистер, барем еднаш да се оддалечите од градовите, колку и да е поедноставно да организирате викенд во некој друг град. Ве водиме во две села што ќе ве убедат дека вреди тоа да се направи. Ако ви е премногу за почеток, Битола не ви бега - градот е на петнаесетина минути возење од Дихово и МаловиштаЈанче: Јанче Не е можно да не го забележите. Село што ќе ве пречека на триесетина минути возење од Маврово накај Дебар, што ќе ви го привлече погледот кон лево како да сте здогледале мал, но блескав дијамант. Село со убави куќи, наместени врз питоми зелени падини, врз шумот на РадикаШтипинг: Штипинг Штип ќе ви даде многу причини да го посетите - богато културно наследство, ресторани со штипска пастрмајлија и луѓе што знаат од срце да ве пречекаат. Но, туристичката понуда на градот го менува курсот. Градот се повеќе станува препознатлив како шопинг дестинација. Овојпат ве водиме на 'штипинг' - шопинг во ШтипНа коњи до Крстот: На коњи до Крстот Можеби никогаш не сте се качиле на коњ и никогаш не сте помислиле дека некогаш ќе јавате. Така си мислевме и ние, но, откривме нешто што не' предизвика - јавачките тури на Коњичкиот клуб „Меденица“ од Галичник. Решивме со нив да се качиме до Милениумскиот Крст во Скопје. Не ни се верува колку лесно не' освои јавањетоМакедонскиот рубин: Македонскиот рубин Не сите земји можат да се пофалат со свој национален скапоцен камен. Кина е позната по кинескиот жад, Австралија по австралискиот опал, Чешка по - чешкиот гранат, Колумбија - по колумбискиот смарагд, Балтичките земји - по балтичкиот килибар, САД - по тиркизот. Ова е приказна за македонскиот рубин, скапоцениот камен од МакедонијаРадожда, кај што се буди радоста: Радожда, кај што се буди радоста Некогаш беше позната можеби и повеќе отколку што се познати денес најпопуларните летувалишта и рибарски населби на охридскиот брег. Но, времето на Радожда повторно доаѓа. Се' повеќе луѓе повторно ја откриваат привлечноста на најјужната точка на струшкото крајбрежјеВруток, кај што почнува се': Вруток, кај што почнува се' Вардар веќе долго време е само точка за ориентација во нашето секојдневие. Веќе сме ги заборавиле Вруток - местото каде што извира - и капењето во реката. Но, Вруток станува познат и по нешто друго. Се' почесто слушаме од пријателите за убавите ресторани со свежа риба, блиску до изворот на ВардарБлагодарност на:: Благодарност на : Зоран Бојаровски Петре Камчевски Слободан Чашуле Васил Мукаетов Гордана Јанакиевска Коле Велков Васил Боглев Зоран Атанасовски Душко Алексовски Лазо Плавевски Стевче Доневски Слободан Симоновски д-р Владимир Крпач Слободан Столески Бехиџудин Шехапи Раде Митрашкоски имам д-р Зекирија Бајрами Марко Митрашкоски имам Лиман Исмаили семејство Раманови Ленче Јованова Никола Целакоски Ѓорѓи Тодоровски – Трупче Климчо Балев Ѕвонко Плавевски Миле Петровски Кети Мазнева Методија Станиновски Стефан Данев сестра Перпетуа Методија Ѓуровски сестра ДоротеаБлагодарност на:: Благодарност на : сестра Харитина Милош Милосављевиќ Антонио Јакимовски Ирена Десовска Мила Шурбановска Красимир Трајков Ангел Наков Христина Ивановска Ма р а Парталоска д-р Владимир Плавевски Спаса Парталоска Александар Стојаноски ( Jooce.com ) В асиличарска дружина „Сиви дом“ Израел Бехар Јован Шекуткоски Златко Пецаков Ѓоко Парталоски Борче Насковски Горан Калајџиевски – КГБ Исмет Балта Дом за стари лица „Мајка Тереза“ Исамедин Кајоли Никола Матевски Гани Исљами Весна Рајковска Шерафеттин Бислим Аника Кртолица Хусамедин Гина Нада Андоновска Ване Костов Мери Аницин – Пејоска Александар СрбовБлагодарност на:: Благодарност на : Драги Делев Љупчо Радевски Кире Јанашлиев семејство Главевски, с. Буково Билјана Ивановска Роза и Борис Ѓоргоски Кочо Агушев Фана и Алексо Секулоски Гоце Ефтимов семејство Ѓорѓиоски Глигор Кузмановски Валентина Ѓорѓиоска Драган Ѓеорѓиевски Константин Ѓорѓиоски Симеон Моне Златев Политими Марковска Душко Станиславски Костадинка Гросмит Благоја Јордановски Дејвид Вотфорд Иван Глигоровски Иван Жежовски Круме Стефановски Владо Бојаџи Владо Ставрески Славко Упевче Даре Митревски – Џамбаз Јане Секуловски Гоце Стојановски Александар Колов Веле Јолески Владо ЖураБлагодарност на:: Благодарност на : Ванчо Стојаноски Стојанче Костовски Владе Мојаноски Антун Циримотиќ Елена Камиловска Петар Јаки Климе Матоски Марија Мурџева Михаил Малахов отец Стефан Санџакоски Тони Арсовски Ивана Петровиќ Оливер Димитровски Ленче Ризова Дарјан Раденковиќ Душанка Танушевска Елез Елези Данило Коцевски Блаже Милошевски Сашо Блажевски Коста Хаџиантоновски Паско Кузман Анте Поповски Славе Србиновски Бесник Шуки Никола Атанасов Владимир Петков Христо Секуловски Томислав Мишевски Наум Наумоски Љубиша Тасиќ Лазе НаумоскиБлагодарност на:: Благодарност на : Бошко Тренески Силвана Блажевска семејство Ристови, с. Владевци Гоце Павловски Илчо Ристов аџи Јусуф (Шарена џамија) Роца Николовска Аслан Вишко Јован Јоновски Здравко Василевски владика Иларион Небојша Захариески отец Дамаскин Вукица и Кранислав Недељковиќ Милка Крстевска проф. Дионис Пашлаков Златко Давитковски Златко Крстевски Ивона Опетческа-Татарчевска Илија Велкоски Елзи Иванчиќ-Дунин Македонско еколошко друштво Ристо Русески Диме Меловски Боро Даскалоски Горан Бошковски Милан Тошев Јасемин Назим Ердал Идризов Мендо Велјановски Оливера Стефановска Кристијан ТемелковскиБлагодарност на:: Благодарност на : Драги Митревски Ташко Палигора Марко Арсовски Тефик Тефикоски – Туто Слободан Угриновски Доксе Јанкуловски Златко Видевски Михаил Ренџов Цоне Крстевски Катерина Иванова Рената Кутера-Здравковска Васко Величковски Мими Чучурска Крсто Геговски Аце Ристовски Миле К'нчевски Стефан Киреј Деан Шкартов Зоран Танчев Влатко Димовски Пеце Николовски – Шишман Ристо Наумоски д-р Омер Сулејман Чедомир Лакоски Калиопа Кривашија-Стилиновиќ Драган Алексоски Кузман Поп-Стефанија Миле Алексоски Елена Петровска Зоран Спасески Билјана Георгиевска Мики ТрифуноскиБлагодарност на:: Благодарност на : и сите што помагаа со предлози, идеи, бодрење, контакти , м атеријали и л огистика .PowerPoint Presentation: Соработници: Дарко Мораитов , Васил Боглев , Милан Стрезовски , Андон Давчев , Маја Симовска , Маја Арсовска , Александар Механџиев , Филип Поповски , Љубомир Стефанов , Ивана Кузмановска (фото); Александар Јанковиќ , Зоран Гулевски, Јасмина Аросва-Чашуле (графички дизајн на печатените изданија); Виолета Караџовска-Стојанова (лектура).Скопје, 2007 – 2011: Скопје, 2007 – 2011